Во Србија се потврдени 297 случаи на голема кашлица

Во Србија се потврдени 297 случаи на голема кашлица

пред 2 години

Вкупно 297 потврдени случаи на голема кашлица се пријавени на територијата на Србија, кај кои дијагнозата е поставена од почетокот на 2024 година, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија, повикувајќи се на податоци на Јавната здравствена служба заклучно со 4 февруари.

Од почетокот на 2024 година, пријавени се два смртни случаи предизвикани од пертусис кај невакцинирани деца на возраст од два и пол и три месеци, се додава во соопштението.

Од вкупниот број пријавени случаи, 23 од нив се хоспитализирани, а најголем број хоспитализирани пациенти се во возрасната група помлади од 12 месеци, се додава.

 

Текстот Во Србија се потврдени 297 случаи на голема кашлица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top