Во последните 24 часа во Србија се потврдени 7.393 случаи на коронавирус, а починале 56 лица.
Од последниот пресек тестирани се 21.799 лица, а од почетокот на пандемијата, 1.980.277.
На апарати за дишење се приклучени 323 пациенти, што е најмногу од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.
Вкупно 8.594 лица се во болница.
Од почетокот на пандемијата во Србија, 249.224 лица биле позитивни на коронавирус, а вкупно починале 2.172 лица, додека стапката на смртност е 0,87 проценти.
Епидемиолозите во Србија најавуваат дека мерките што се временски ограничени до 15 декември можат да бидат продолжени.
За време на викенд забрането е работењето на сите објекти, освен на продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.