Во Србија 7.802 новозаразени со коронавирус, 61 починат

пред 3 години

Според официјалните податоци, во последните 24 часа починале 61 лице како резултат на коронавирус во Србија, така што вкупниот број на починати се зголеми на 1.765, објави Министерството за здравство на веб-страницата covid19.rs.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 22.243 лица биле тестирани за коронавирус и регистрирани се 7.802 случаи на инфекција.

Вкупно се хоспитализирани 7.726 лица, а 288 пациенти се приклучени на апарати за кислород.

Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 199.158 случаи на инфекција. Стапката на смртност е 0,89 проценти.

Досега во Србија се тестирани вкупно 1.844.731 лице кои ги исполнија критериумите за дефинирање на случајот.

Share
Scroll to Top