Во судир на Западниот брег убиено 13-годишно палестинско момче

пред 3 години

Израелските војници денеска застрелале 13-годишно палестинско момче за време на судир во окупираниот Западен брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија веднаш не го коментираше инцидентот што се случил источно од градот Наблус во централниот дел на Западниот брег, пренесе „Ројтерс“.

Момчето било погодено во стомакот и набргу починало откако итно било префрлено во болница, соопштија од Министерството за здравство и лекарите.

Уште шест Палестинци биле згрижени на местото на судирот во селото Бејт Даџан, откако вдишале солзавец фрелен од израелските војници, соопшти палестинската служба за итни случаи при Црвената полумесечина.

Share
Scroll to Top