Во Турција забележена највисоката инфлација во последните 24 години

пред 2 години

Годишната инфлација во Турција во јуни достигна 78,62 отсто, што е највисока од 1998 година, според официјалните податоци.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Турскиот статистички институт објави дека цената на стоките за широка потрошувачка пораснала за 4,95 отсто.

Иако во многу земји поскапеа прехранбените производи, многумина го обвинуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган за економската криза во Турција, пишуваат тамошните медиуми.

Анализираат дека руската инвазија на Украина, која доведе до скок на цената на гасот, нафтата и житото, ја влоши ситуацијата во Турција, која зависи од увозот.

Share
Scroll to Top