Туристите кои планираат да уживаат на плажите на Ибица летово, ќе мора да носат маска дури и при сончање.
На овој балеарски остров, на посетителите претходно им беше дозволено да не носат маски кога престојуваат на плажите, но само доколку се наоѓаат доволно далеку едни од други.
Сепак, новите правила стапија на сила со одлука на Владата на Шпанија и подразбираат задолжително носење маски за секој што посетува јавни простори, а тоа се однесува и на плажите и на базените.
Правилото важи и во случај кога постои социјално дистанцирање, така што дури и некој што лежи на пешкир далеку од другите ќе биде должен да носи маска.А оние кои не го почитуваат новото правило, ризикуваат да се соочат со казна до 100 евра, пренесува „Мирор“.
Децата на возраст под 6 години и возрасните кои имаат тешкотии со дишењето поради болест се изземени од ова правило.
Сето горенаведено се однесува не само на Ибица, туку и на Канарските Острови и цела Шпанија.