Вучиќ: Во Србија пристигна новиот лек против коронавирус

пред 3 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека во Србија пристигнал новиот лек против коронавирус.

„Во Србија пристигна новиот лек против короната! Го купија во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија“, рече Вучиќ во видео пораката објавена на профилот на Инстаграм.

„Животот и здравјето на луѓето немаат цена!“, додаде претседателот на Србија.