Вучиќ: Србија плаќа многу висока цена бидејќи не воведува санкции кон Русија

пред 3 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија е единствената земја во Европа која не вовела никакви рестриктивни мерки против Руската Федерација и дека „нема сомнеж“ дека тоа и создава многу проблеми.

– Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, многу проблеми, од финансиски инвеститори до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена – рече Вучиќ на прес-конференцијата во Белград.

Повикувајќи се на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент, со која се повикуваат новоизбраните власти во Србија да воведат санкции кон Русија, реагираше Вучиќ.

– За нив е добро ако немаат попаметна работа од тоа да испраќаат писма до Србија што треба и како треба да прави, со некои притисоци и закани. Многу ги почитуваме, ни се исклучително важни, но не се лутете, многу поважни ни се граѓаните на Србија и српскиот парламент – рече Вучиќ.

Доколку биде усвоена резолуцијата на Европскиот парламент, претседателот на Србија, одговарајќи на прашање на новинарите на Н1, рече дека ќе ја земе предвид, но дека ќе се води од интересите на државата.

Share
Scroll to Top