Вучиќ: Ќе се вакцинирам следната недела во некое од помалите места во Србија

пред 3 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на прашањето кога ќе биде вакциниран против коронавирусот.

„Реков, кога ќе ја надминеме бројката од еден милион ревакцинирани, а очекувам тоа да биде в понеделник или вторник“, рече тој, пренесува Б92.

Според него, забележителна стагнација има кај бројот на новозаразени во Белград, каде што има најголем број вакцинирани и ревакцинирани, додека бројот на заболени во јужна Србија расте. Затоа, како што додаде, вакцината ќе ја прими во некое помало место каде што ќе ги покани сите да се вакцинираат.

„Во неделата кога ќе се вакцинирам, ќе видите дека ќе вакцинираме 500.000 луѓе. Постојано велат дека лобито против вакцинација е големо, не е, треба да им одите на луѓето во село, бидејќи тие помалку се грижат за себе, за разлика од оние во градот“, рече Вучиќ.

Share
Scroll to Top