Германија и Австрија загрижени: 21 јули е критичен датум за снабдување со гас низ цела Европа

пред 2 години

Вообичаениот ремонт на гасоводот „Северен тек 1“ претходно не привлече големо внимание на јавноста во Европа, но оваа година поради војната во Украина и тензиите со Русија, создаде нервоза на целиот континент, вклучително и во Австрија, бидејќи се стравуваше дека низ тој цевковод и по завршувањето на работите гас нема тече, анализираат светските медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Поради ремонт на гасоводот „Северен тек 1“, чиј почеток е предвиден за денеска, и Австрија ќе добие помали испораки на руски гас, изјави министерката за енергетика Леоноре Гевеслер, која смета дека на 21 јули, за кога е предвидено да биде завршен, ќе биде критичен датум за испораки на гас низ цела Европа.

„Денес никој не може да предвиди дали испораките ќе бидат целосно обновени по ремонтот“, рече Гевеслер.

И германскиот министер за економија ја изрази својата загриженост за „Северен тек 1“ поради ремонтот од денеска, пренесуваат агенциите.

„Се е можно, се може да се случи. Можеби ќе се испорача повеќе гас, повеќе од претходно, но може да има и целосен прекин на испораките“, изјавил министерот за економија Роберт Хабек.

Најважниот гасовод што ја снабдува Германија со руски гас, „Северен тек 1“, од денеска нема да работи поради ремонт, како што претходно најави операторот, што ја зголемува вознемиреноста во Германија дека тоа може да значи целосно „вртење на вентилите“, стои во новинарските извештаи.

Работите ќе траат 10 дена, до 21 јули, така што при ремонтот повеќе нема да има испораки на гас од Русија за Германија.

Share
Scroll to Top