Германија му продаде на Египет оружје вредно повеќе од четири милијарди евра

пред 3 години

Владата на Германија предводена од Ангела Меркел во последните девет дена има одобрено извоз на оружје и воена опрема во вредност од речиси пет милијарди евра, од кои повеќе од четири милијарди евра се доделени на Египет, пишува Дојче Веле.

Со тоа обемот на дозволи за извоз на оружје годинава се зголемил за над девет милијарди евра, што е рекорд за Германија, пренесува медиумот.

Убедливо најголемиот нарачател на германското оружје е Египет, кој е под сомнение дека ги прекршил правата на Евреите и учествувал во конфликтот во Јемен и Либија, наведува Дојче Веле.

Само на Египет неодамна во последните денови од мандатот на Меркел му била одобрена набавка на повеќе од четири милијарди евра.

Како што неодамна има напишано неделникот Шпигел, а пренесуваат германските медиуми, во прашање се три воени фрегати направени од германската „Тисенгруп“, како и 16 системи за воздушна одбрана на „Дил Дифенс“.

Во извештајот, овој германски медиум, одлуката на Берлин ја нарекува „шокантна“ бидејќи Египет учествува во воена коалиција против бунтовниците во Јемен, иако се чини дека веќе не е активно вклучен во борбите.

Share
Scroll to Top