Германија ја заплени најголемата суперјахта во светот, сопственост на руски олигарх

пред 2 години

Германските власти ја запленија суперјахтата „Дилбар“ во сопственост на рускиот милијардер Алишер Усманов. Инаку, ова е најголемата суперјахта, долга 156 метри, чија вредност се проценува на повеќе од 600 милиони долари.

Јахтата е запленета откако истрагата утврдила дека нејзин законски сопственик е сестрата на Усманов, која исто така се најде под санкции.

Рускиот олигарх е под санкции на ЕУ од 28 февруари, додека САД и Велика Британија го ставија под санкции во март годинава.

Неговата сестра Гулбахор Исмаилова се најде под санкции откако властите утврдија дека Усманов индиректно пренесува имот на неа, вклучувајќи ја и споменатата суперјахта.

Суперјахтата „Дилбар“ се смета за најголема јахта по обем и се наоѓаше во Хамбург поради реновирање. Меѓу другото, ова пловило има базен долг 25 метри, два хелиодроми и вредноста се проценува меѓу 600 и 750 милиони долари.

Усманов има блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и неговото богатство се проценува на повеќе од 18 милијарди долари.

Share
Scroll to Top