Голем германски ланец на хотели ќе прима само вакцинирани гости

пред 4 години

Германскиот синџир на хотели „Алсaн“ во иднина ќе бара од гостите да бидат вакцинирани против коронавирус, објави „Алтурс“, компанијата сопственик на хотелите.

Новата политика за сите 35 хотели од синџирот „Алсaн“, лоцирани на шпанскиот остров Мајорка, Канарските острови и во Грција, најверојатно ќе стапи на сила на 31 октомври, во зависност од напредокот на вакцинацијата во Германија, соопштиja oд „Алтурс“.

Со ова германската компанија ќе стане една од првите што вовела вакво правило, во време кога владите и туристичките организации размислуваат како да го кренат туристичкиот сектор на нозе бидејќи бројот на заразени опаѓа, а бројот на вакцинирани се зголемува.

„Сакаме да им обезбедиме на сите наши гости најголема можна безбедност за да можат да уживаат во нивниот одмор“, рече сопственикот на „Алтурс“, Вили Верхувен, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Додека повеќе луѓе не се вакцинираат во текот на годината, синџирот „Алсан“ ќе бара од гостите негативен ПЦР или антигенски тест, не постар од 48 часа.

Британската компанија „Сага“ минатиот месец објави дека патниците на нејзините крузери исто така ќе треба да се вакцинираат пред да појдат на крстарењето.

Германско-англиската компанија ТУИ, пак, во декември објави дека не планира да ги отфрли туристите кои не се вакцинирани.

Share
Scroll to Top