Грција ги укинува речиси сите епидемиолошки мерки против коронавирус

пред 2 години

Грција од денеска ги укинува сите епидемиолошки мерки воведени за спречување на ширење на коронавирусот, освен задолжителното носење маски во затворени простории, а таа мерка ќе остане на сила најмалку до крајот на мај, пишува „Катимерини“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

За влез во оваа земја повеќе нема да бидат потребни сертификати за вакцинација, негативни ПЦР тестови, како ниту оние за во ресторани, кафулиња или културни институции.

Носењето маски на отворено останува на препорачаното ниво за места каде има премногу луѓе.

Останува на сила мерката дека вработените во здравствените установи мора да се тестираат со брз антиген тест двапати неделно, додека во училиштата и некои други установи оваа обврска ќе се намали на еднаш во седум дена.

Share
Scroll to Top