Делта сојот доминира во Франција, 50 проценти од новозаразените го имаат овој вирус

пред 4 години

Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави денеска дека се очекува делта-сојот да биде доминантен во повеќето новозаразени случаи во Франција.

Веран во изјава за француско радио рече дека делта-сојот во моментов претставува 50 проценти од новите инфекции во оваа земја.

Претходно министерот апелираше до граѓаните да се вакцинираат во што поголем број за да може Франција полесно да се соочи со четвртиот бран од претстојната пандемија.

Share
Scroll to Top