Договорен е нов прекин на огнот во Мариупол

пред 3 години

Привремен прекин на огнот е договорен во Мариупол, пристанишен град во јужна Украина, од 10 до 21 часот по локално време, соопшти градскиот совет.

Цивилите ќе можат да го евакуираат градот по договорена рута од 12 часот по локално време. Сличен план беше објавен вчера, но набрзо пропадна поради бомбардирање.

Share
Scroll to Top