Луѓето во Мариупол умираат од глад, објави Градскиот совет на Мариупол, а пренесуваат агенциите.
Во драматично соопштение, советот истакна дека луѓето почнале да умираат од недостиг на храна во опколениот град.
– Се повеќе луѓе останаа без пристап до храна – се наведува во нивното соопштение каде се наведува дека се стопирани сите обиди за доставување храна и лекови до жителите на тој град.
Украинската новинарка Анастасија Лапатина исто така потврди на Твитер дека луѓето во Мариупол почнуваат да гладуваат.
– Русите се обидуваат да ја избришат Украина и целата наша историја и култура од лицето на земјата – објави Лапатина.
Ukrainians in #Mariupol are DYING FROM HUNGER, the government says. Russia is attacking all humanitarian convoys that try to enter the sieged city. People are starving. This is a deliberate destruction of Ukrainians as a nation. They are killing us, starving us, deporting us
— Anastasiia Lapatina (@lapatina_) March 24, 2022