Драма во селото Злот: српската полиција и пожарникарите се упатиле кон куќата на осомничениот за убиството на Данка, се пребарува местото

Драма во селото Злот: српската полиција и пожарникарите се упатиле кон куќата на осомничениот за убиството на Данка, се пребарува местото

пред 11 месеци

Две противпожарни возила и две полициски возила во моментот се пред куќата на мајката на Дејан Драгијевиќ од Злот, еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, јавува репортерот на српски „Блиц“ од местото на настанот.

Како што објавуваат, се претресува просторот помеѓу куќата на осомничениот и неговиот сосед.

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиството на Данка Илиќ, им се пожали на новинарите дека полицајците и ја уништиле куќата и го ископале дворот при претресот, пренесе „Блиц“.

„Денеска бев на гробишта, подготвив сè за погребот на мојот син Далибор в четврток. Купив и кутија и цвеќиња и сè… Во хаос сум, брзата помош пак ќе дојде“, рекла таа.

Конкретно се пожалила на полицијата тврдејќи дека ѝ ја „уништиле куќата“.

„Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè, ми зедоа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокатот“, изјави Светлана.

Колона полициски возила од Злот се упати кон Бор, а потоа ненадејно застана на мостот „Брестова“ да ја пребара и оваа локација со надеж дека ќе биде пронајдено телото на убиената Данка Илиќ. Полицајците ги опколија двете страни на мостот и не дозволуваат никој да се доближи.

Српската полиција со денови неуморно ги пребарува, посетува и копа сите места во Бањско Поле и околината за што побргу да го најде телото на девојчето.

Текстот Драма во селото Злот: српската полиција и пожарникарите се упатиле кон куќата на осомничениот за убиството на Данка, се пребарува местото е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top