Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција

пред 2 недели

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Текстот Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top