Еден од експертите на Светската здравствена организација во мисијата за истражување на потеклото на коронавирусот во Вухан ја доведе во прашање веродостојноста на американското разузнавање за пандемијата.
„Не потпирајте се премногу на разузнавачките служби на САД“, напиша членот на СЗО, Питер Дасак, на „Твитер“.
Well now this?. @JoeBiden has to look tough on China. Please don’t rely too much on US intel: increasingly disengaged under Trump & frankly wrong on many aspects. Happy to help WH w/ their quest to verify, but don’t forget it’s “TRUST” then “VERIFY”! https://t.co/ukaNAkDfEG
— Peter Daszak (@PeterDaszak) February 10, 2021
„Франс прес“ наведува дека коментарот следел по изјавата на портпаролот на Стејт департментот во која се чини дека САД се дистанцирале од првичните наоди на експертите на СЗО.
Меѓународен тим од кинески експерти и експерти на СЗО објави дека не е пронајдено животното од кое потекнува коронавирусот и дека нема индиции дека бил присутен во кинескиот град Вухан многу пред да биде откриен.
Експертите исто така оценија дека хипотезата дека коронавирусот „избегал“ од лабораторијата е крајно неверојатна.