Експлозија одекна денеска во близина на влезот на канцеларијата за пасоши во Кабул, изјави авганистански претставник.
Засега не е позната причината за експлозиите, ниту се знае дали има жртви, изјави за Ројтерс неименуван претставник на Министерството за внатрешни работи.
Голем број Авганистанци изминативе неколку дена стоеја пред канцеларијата и се обидуваа да добијат пасоши, откако службата продолжи со работа по неколкунеделен прекин.