Турција не може да ги игнорира санкциите на Стокхолм против Анкара, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Иако е очигледна виталната улога што ја играме во Алијансата и меѓународните организации чии членови сме, некои од нашите сојузници сè уште зборуваат за укинување на санкциите. Не можеме да ги игнорираме санкциите на Шведска против нас“, рече претседателот Ердоган.
Тој оцени дека политиката на проширување на НАТО, во која, како што рече, не се заштитени фундаменталните аспекти на безбедноста, нема да придонесе ниту за Турција, ниту за Алијансата.
Турција смета на преземање конкретни чекори наместо бескорисни изјави на НАТО за да одговори на нејзината загриженост за евентуалното приклучување на Шведска и Финска, истакна Ердоган.
„Не добивме соодветна поддршка од партнерите на НАТО во борбата против тероризмот. Не можеме да замижиме пред санкциите што ни ги воведе Шведска, нема објаснување за нив. Со оглед на тоа дека улогата што ја играме во НАТО е јасна, ние и натаму разговараме за укинување на санкциите со нашите сојузници“, нагласи турскиот лидер.
Во таа насока, тој изјави дека Анкара не ја добила поддршката што ја очекувала од своите сојузници, ниту во задоволувањето на потребите за одбрана, ниту во 40-годишната борба против тероризмот.
„Нашата земја постојано беше изложена на отворени и прикриени санкции, закани, притисоци и уцени“, додаде Ердоган.