ЕУ одлучи да воведе санкции против Лукашенко

пред 4 години

Советот на министри за надворешни работи на ЕУ се согласни околу воведувањето санкции против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Претходно беше објавено дека повеќе земји се залагаат за воведување санкции против Лукашенко. Министерот за надворешни работи на Романија истакна дека неговата земја се залага за тоа на листата санкционирани лица да се стави и белорускиот претседател. Истото го смета и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Тој во пресрет на состанокот со колегите во Луксембург, рекол дека од последниот состанок не дошло до напредок на ситуацијата во Белорусија. Земјите во ЕУ одлучија да воведат санкции против Белорусија поради ситуацијата во земјата која трае од претседателските избори одржани на почетокот на август.

Share
Scroll to Top