ЕУ: Пресудата против Навални е политички мотивирана

пред 3 години

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, во име на сите 27 земји членки на Унијата упати остра осуда за затворската казна изречена против опозицискиот лидер Алексеј Навални.

„Европската Унија ја осудува одлуката на руските власти да го казнат Навални и смета дека ова е неприфатливо колку што е и политички мотивирано. Одлуката е спротивна на обврските на Русија кон меѓународните и човековите права“, порача Борел преку писмено соопштение.

Навални вчера беше осуден на две години и осум месеци затворска казна, неколку недели откако побегна од Русија за Германија на лекување.

 

Share
Scroll to Top