(Видео) Етна повеќе од една недела исфрла лава во висина до 1.500 метри

пред 3 години

Ерупцијата на вулканот Етна предизвика исфрлање лава во висина до 1.500 метри.

Вулканологот Борис Бенке од Националниот институт за геофизика во Катанија изјави дека последните експлозии на вулканот се најспектакуларните ерупции во последните неколку децении.

Бројни ентузијасти ги снимале експлозиите од растојание од само седум километри во текот на целата ноќ меѓу 22 и 23 февруари.

Повеќе од една недела, овој вулкан редовно исфрла лава, илјадници камења и големи количини пепел.

Блискиот аеродром во Катанија повторно е привремено затворен, улиците на некои блиски населби се преполни со пепел, а засега нема информации за материјална штета или повредени.

Share
Scroll to Top