Загинаа најмалку 17 мигранти во бродолом кај Тунис

пред 4 години

Најмалку 17 африкански мигранти се удавија во бродолом близу Тунис, додека се обидоа да го преминат Средоземното море од Либија кон Италија.

Ова денеска го соопшти Црвената полумесечина во Тунис.

Туниската крајбрежна стража спаси двајца нигериски државјани во водите во близина на градот Зарзис на југот на земјата, додаваат од Црвената полумесечина, пренесува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top