Заложничка драма во продавница на „Епл“ во Амстердам

пред 4 години

Полицијата и другите служби за итни случаи во Амстердам излегле на местото на настанот поради заложничката ситуација во продавницата на „Епл“, јавуваат локалните медиуми и очевидци.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат како вооружен маж држи едно лице зад стаклото од продавницата, наводно вработен во „Епл“, и мавта со пиштол. Службите за итни случаи се на местото на настанот и на луѓето им е кажано да се оддалечат.

„Полициската акција е во тек поради повик од продавница на Лајдсеплејн“, кратко соопшти полицијата во Амстердам. Според локалната телевизија, очевидци изјавиле дека го слушнале пукањето.

„Во продавницата има лице со огнено оружје… распоредени се силни полициски сили и специјални сили за да ја стават ситуацијата под контрола“, објави полицијата во Амстердам на „Твитер“.

Share
Scroll to Top