Захарова: Зеленски стана закана за Украина

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски стана закана за Украина, а неединството на украинскиот народ достигна катастрофални размери, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Се чини дека самиот Зеленски стана закана за Украина и другите европски земји, меѓу другото и во контекст на зачувување на демократските основи и принципи“, рече Захарова на брифинг со новинарите, пренесуваaт руските агенции.

На тој начин анализираат, Захарова ја коментираше стратегијата за информациска безбедност која ја одобри Зеленски и во која се наведува дека информациската политика на Русија претставува закана за демократските земји.

Share
Scroll to Top