Русија денеска објави дека е подготвена за преговори со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој во четврток во Женева треба да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„ Дури и во најтешките времиња… ние велиме: подготвени сме за преговори и затоа нашата позиција остана иста“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, еден ден откако Москва ги призна проруските украински сепаратистички региони.
Таа додаде дека Русија секогаш е посветена на дипломатско решение на кризата.