Зголемен бројот на самоубиства кај припадниците на американските вооружени сили

пред 3 години

Бројот на самоубиства на припадници на американските вооружени сили е зголемен, пренесуваат американските медиуми.

Воените податоци покажуваат дека 580 припадници на армијата си го одзеле животот, наспроти 504 од претходната година.

Бројот на самоубиства меѓу припадниците на вооружените сили на САД минатата година, според објавените податоци, е зголемен за 15 проценти во споредба со претходната година.

„Податоците се вознемирувачки. Стапката на самоубиства се уште е превисока и таквите трендови не се движат во вистинската насока“, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека Министерството за одбрана нема објаснување за зголемувањето на самоубиствата.

Според Пентагон, припадниците на вооружените сили под 30 -годишна возраст се најмногу склони кон самоубиство.

Share
Scroll to Top