Здравствениот систем во Црна Гора пред пукање, се бара помош од ЕУ и НАТО

пред 4 години

Црна Гора побара од Европската Унија и НАТО итна помош во обезбедување дополнителен број здравствени работници, кои ќе им помогнат во борбата против коронавирусот.

Како што изјави министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорѓе Радуловиќ, здравствениот систем е пред пукање.

Во писмото до колегите во земјите членки на ЕУ, Радуловиќ побара, доколку се во можност, итно да испраќаат лекари, техничари и друг медицински персонал во Црна Гора, пишуваат медиумите во Црна Гора.

Според нивните написи, забележано е дека владата не ја известила црногорската јавност за овој апел до Европската Унија.

„За да одговориме на овој предизвик, го обновивме барањето до ЕУ за дополнителна помош. Овој пат бараме човечки ресурси, лекари, техничари и друг медицински персонал, кои, доколку дозволат околностите, ќе бидат распоредени. Итно ни е потребна помош од лекари и друг медицински персонал од вашите земји “, вели Радуловиќ во писмото.

Share
Scroll to Top