Лајен: САД да ја укинат забраната за влез на граѓани на Европската унија

пред 3 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ги повика САД брзо да ја укинат забраната за влез во земјата за луѓе од Европа поради коронавирусот.

„ Ние инсистираме слични правила да важат за пристигнувањата од двете насоки“, рече Фон дер Лајен, објаснувајќи дека епидемиолошката слика во Европската унија и САД сега е многу слична.

„ Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, ние сме во контакт со нашите американски пријатели. Ова не смее да се одложи со недели”, рече таа.

Европската унија ги стави САД на листата на трети земји за кои ограничувањата не важат од јуни, но САД продолжуваат да применуваат забрана за влез за сите луѓе што патуваат од Европската унија, со исклучок на американски државјани или други групи како што се блиски роднини, дипломати и вработени во меѓународни организации.

Share
Scroll to Top