На својот официјален Твитер профил се огласи и претседателот на Украина Володимир Зеленски. Тој му честиташе на францускиот претседател Емануел Макрон за вечерашната изборна победа.
– Честитки до претседателот на Франција и вистински пријател на Украина, Емануел Макрон за победата на изборите. Му посакувам на Макрон нов успех во корист на францускиот народ. Ја ценам поддршката на Франција и убеден сум: заедно чекориме во нови заеднички победи! До силна и обединета Европа – напиша Зеленски.
Вітаю Президента ?? та справжнього друга ?? @EmmanuelMacron з перемогою на виборах. Бажаю Еммануелю Макрону нових успіхів на благо французького народу. Ціную підтримку Франції і переконаний: ми крокуємо разом до нових спільних перемог! До сильної та об’єднаної Європи!
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 24, 2022