Зеленски на Греми наградите: Што е спротивно на музиката? Молкот на убиените луѓе

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање емитувано на Греми наградите во Лас Вегас ги повика гледачите да ги поддржат Украинците на кој било начин.

„Што е спротивно на музиката? Тишината на уништените градови и убиените луѓе“, рече Зеленски на снимката емитувана пред настапот на американскиот пејач Џон Леџенд и украинскиот поет Љубе Јакимчук.

„Пополнете ја тишината со вашата музика. Пополнете ја денес, за да ја раскажете нашата приказна. Поддржете нè на кој било начин. Секаква, но не и тишина“, рече Зеленски на англиски, со рапав глас, облечен во темнозелена маица.

Воените дејствија избувнаа во Украина пред повеќе од еден месец, откако руските воени сили ги нападнаа областите на север, исток и југ од земјата. Русија ги нарекува своите акции во Украина специјална операција.

Share
Scroll to Top