Зеленски сака преговори со Русија: Ерусалим е вистинското место за наоѓање мир

пред 2 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање рече, меѓу другото, дека Израел прави напори да посредува меѓу Украина и Русија и дека во таа земја може да се одржат идни мировни преговори на високо ниво.

– Израелскиот премиер Нафтали Бенет се обидува да најде начин да води преговори – рече Зеленски и додаде:

– Благодарни сме за овој напор. Порано или подоцна ќе треба да започнеме преговори со Русија, можеби во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир, ако е можно – рече Зеленски.

Исто така, во истата порака што ја објави на својот Фејсбук профил, тој вели дека „поминаа 25 дена откако руската армија ги бара и не може да ги најде „нацистите“ што ги измислија, од кои наводно сакале да го заштитат нашиот народ.

– Додека бараат, не можат да најдат Украинци кои би ги пречекале со цвеќе. И што е најважно – руската армија не може да го најде патот до дома. Затоа нашите војници им помагаат на патот кон Божјиот двор – рече Зеленски.

Share
Scroll to Top