Зеленски: Ќе остане запишано дека Русија е одговорна за враќањето на војната на нашиот континент

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе остане во историјата дека Русија е одговорна за враќањето на војната во Европа.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Зеленски рече дека Украинците ќе продолжат да работат на одбрана и враќање на правдата.

– Денес, утре и секој втор ден што е неопходно за ослободување на Украина од окупаторите. Украинското знаме ќе се врати. Затоа што ова е наша земја. Слободна европска земја – рече Зеленски.

Тој исто така додаде дека вчера Украина направила многу важен чекор на патот кон Европската унија.

– Украина го достави вториот дел од одговорот на посебен прашалник што треба да го пополни секоја земја што сака да стане дел од Европската унија. Ова обично трае со месеци. Но, направивме се тоа да се случи за неколку недели – додаде украинскиот претседател, пренесуваат медиумите.

Share
Scroll to Top