Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија рано утринава, а локалните власти соопштија дека нема жртви или материјална штета.
Нема опасност од цунами, изјави за агенцијата „Ксинхуа“ шефот на индонезиската агенција за земјотреси и цунами.
Земјотресот се случи во 6:47 часот по локално време, на длабочина од 157 километри, во централната провинција Северен Сулавеси.