Изградба на воени бази, руско државјанство – што предвидува договорот помеѓу Русија и самопрогласените републики

пред 3 години

Според текстот на договорот за пријателство, соработка и заемна помош меѓу Русија и самопрогласените народни републики Донецк и Луганск, заштитата на границите на ДНР и ЛНР ќе се врши со заеднички напори засновани на сопствената безбедност, мир и стабилност.

За тоа прашање ќе биде склучен посебен договор, се наведува во документот, што го пренесува агенцијата ТАСС.

Договорите, исто така, предвидуваат дека секоја страна ќе ѝ даде право на другата да гради и користи воени бази и објекти на своите вооружени сили на нејзина територија.

Договорите предвидуваат заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на националните малцинства. Граѓаните на Донецк и Луганск ќе можат да имаат руско државјанство под услови утврдени со закон, а страните ќе склучат дополнителни договори со цел да се реши прашањето за двојното државјанство.

Се утврдува дека документите издадени од државните органи и органите на локалната самоуправа на другата договорна страна се признаваат на територијата на секоја од договорните страни.

Според договорите, Русија ќе преземе ефективни мерки за поддршка и функционирање на финансиските и банкарските системи на самопрогласените ДНР и ЛНР, почнувајќи од фактот дека легално платежно средство на нивната територија е руската рубља.

Дополнително, според документите, договорните страни се обврзуваат да обезбедат поволни економски, финансиски и правни услови за претприемнички и други економски активности, вклучително и промоција и заемна заштита на инвестициите, како и поттикнување на различни форми на соработка и директни врски меѓу граѓаните.

Договорите со самопрогласените републики во Донбас предвидуваат и дополнителни мерки за обединување на енергетските, транспортните и телекомуникациските системи. Дополнително, страните во договорите имаат намера да преземат мерки за унифицирање на граѓанското и даночното законодавство, како и во областа на пензиското осигурување.

Share
Scroll to Top