Израел е првата држава која ја воведе третата доза, сега ја воведува четвртата

пред 3 години

Одлуката за четвртата доза е донесена откако во Израел е забележана првата смрт од сојот омикрон. Пациентот боледувал од други болести, два пати бил вакциниран, но не ја примил третата, т.н бустер доза.

Според Бенет, воведувањето на четвртата доза може да и помогне на земјата да помине низ потенцијалниот бран на инфекции предизвикани од сојот Омикрон. Премиерот ги повика сите што ги исполнуваат критериумите да се вакцинираат.

Иако Министерството за здравство веќе одлучи да одобри дополнителни вакцини за оние кои се сметаат за загрозени, студијата што ја испитува ефикасноста на четвртата доза од вакцината против корона допрва треба да започне.

Според Тајмс оф Израел, Медицинскиот центар Шеба во Тел Авив треба да започне со тестирање на 100 волонтери оваа недела, откако на почетокот на декември побара одобрение од Хелсиншки комитет, кој ги потпишува сите клинички испитувања во Израел.

Share
Scroll to Top