Израел ќе носи одлука дали и како ќе одговори на нападот од Иран

Израел ќе носи одлука дали и како ќе одговори на нападот од Иран

пред 9 месеци

Израел се уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на вчерашниот напад на иранскиот дрон и ракетен напад врз еврејската држава, но се очекува подоцна во текот на денот.

Неименуван израелски функционер за „Тајмс оф Израел“ изјавил дека утрово била направена проценка на ситуацијата, но не е донесена одлука.

Израелските медиуми јавуваат дека потенцијалниот одговор ќе биде разгледан на состанокот на воениот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху закажан за три попладне по локално време (14 часот во Македонија).

Текстот Израел ќе носи одлука дали и како ќе одговори на нападот од Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top