Исланд стана првата европска земја која ги укина сите мерки против Ковид-19

пред 3 години

Исланд ги укинува сите епидемиолошки мерки откако 87% од населението постаро од 16 години прими барем една доза од вакцината против Ковид-19.

На Исланд, каде живеат околу 369.000 луѓе, досега се пријавени 6.637 случаи на инфекција, а од почетокот на пандемијата починаа вкупно 30 лица.

Околу 48% од лицата над 16 години се вакцинирани со две дози, што ја изедначува земјата со Велика Британија, а има малку поуспешна кампања за вакцинација од САД.

Сите анти-епидемиски мерки беа официјално укинати вчера, со што Исланд стана првата европска земја што ги укина целосно.

„Одлично е што вакцинацијата се случува толку брзо и безбедно. Ситуацијата во Исланд е меѓу најдобрите во светот“, рече премиерката Катрин Јакобсдотир (на сликата).

Торолфур Гуднасон, водечкиот исландски епидемиолог, рече дека информативната кампања била пресудна за брзо и прецизно информирање на јавноста.

„Ваков резултат немаше да биде можен без учество на јавноста, а јавноста нема да учествува ако не верува дека мерките што ги преземаме се мудри и не разбира зошто се преземаат“, објасни Гуднасон.

Патниците во Исланд сè уште треба да бидат тестирани кога влегуваат во земјата, а оние кои не биле вакцинирани мора прво да поминат пет дена во карантин, по што повторно се тестираат.

Share
Scroll to Top