Испуштиле џекпот од речиси 200 милиони евра зашто не успеале да го уплатат ливчето

пред 4 години

Момче и девојка од Велика Британија ја пропуштија шансата да земат околу 200 милиони евра на џекпот на „Јуромилионс“, бидејќи не успеале да го уплатат износот на добитното ливче. Тие долго време ги пишувале истите броеви и кога конечно биле извлечени како добитни, тие имале проблем со платежната картичка.

Рејчел Кенеди (19) и Лиам Мекрохан (21) од Хертфордшир, биле апсолутно скршени кога сфатиле дека нивниот број излегол и тие не го платиле билетот, пренесува „Сан“.

Двајцата студенти ги играа победничките броеви 6, 12, 22, 29, 33, 6 и 11, пет недели по ред пред да се појават сите седум цифри на ждрепката во петокот.

Сметката на Рејчел беше поставена за автоматско купување билет во „Јуромилионс“ со нејзините вообичаени броеви, но бидејќи нејзината сметка немала доволно средства, плаќањето на билетот не поминало. Но, кога ја проверила апликацијата, таа имала известување дека нејзините вообичаени броеви се „победнички“ – па помислила дека го добила џекпотот.

„ Апликацијата ми покажа „победнички“ и помислив „О, боже, победив“. Затоа, ги повикав моето момче Лиам и мајка ми во собата и тие не можеа да поверуваат. Се јавив на бројот мислејќи дека освоив 182 милиони фунти и тие ми одговорија „ да ги имате вистинските броеви, но немавте средства на вашата сметка за плаќање на билетот, па всушност не поминала уплатата“ рекла Рејчел.

Лиам, кој студира економија, веќе правеше суми за тоа како ќе ги потрошат парите.

„ Бев апсолутно скршен кога разбравме дека не сме добиле џекпот. Си ја имав замислено куќата и авотмобилот од соништата“ рече Лиам.

Рејчел повеќе не им верува на нејзините среќни броеви. Таа мисли дека тие не ѝ носат среќа, па ги смени со нови, за следното играње.

Share
Scroll to Top