Ким Џонг Ун: Нуклеарните сили на Северна Кореја мора да бидат подготвени

пред 2 години

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на воената парада изјави дека Пјонгјанг ќе го забрза развојот на своето нуклеарно оружје, кое мора да биде подготвено во секое време, пренесува државната новинска агенција.

Парадата се одржа вчера во чест на годишнината од основањето на вооружените сили на Северна Кореја.

„Нуклеарните сили на нашата Република мора да бидат подготвени да ја извршат својата одговорна мисија и одвраќање во секое време“, изјавил тој.

Кажал дека основната мисија на севернокорејските нуклеарни сили е да ја одвратат војната, но дека тоа не мора да биде единствената употреба и дека зависи од тоа дали другите земји наметнуваат несакани активности.

Share
Scroll to Top