Кина има тајни затвори за Ујгурите во Дубаи, тврди поранешна затвореничка

пред 3 години

Кинеската државјанка Ву Хуан (26)  тврди дека таа и двајца Ујгури-муслимани биле држени од Кина во таен затвор во Дубаи, во кој таа била затворена осум дена, пренсува Асошиејтед прес.

Ако нејзините тврдења се точни, ова може да биде првиот доказ дека Кина има тајни затвори надвор од своите граници.

Хуан била ослободена на 6 јуни и сега бара азил во Холандија. Таа е во бегство за да избегне екстрадиција назад во Кина бидејќи нејзиниот вереник се смета за кинески дисидент.

Девојката била киднапирана од хотел во Дубаи и приведена од кинески официјални лица во вила преуредена во затвор, каде што видела или слушнала двајца други затвореници, и двајцата Ујгури.

Таа тврди дека била испрашувана и принудена да потпишува правни документи со кои го обвинува својот вереник за малтретирање и за силување.

Според АП, ако сведочењето на Ву е точно, ова би докажало дека Кина се повеќе ја користи својата меѓународна моќ за притворање или за враќање на граѓаните од странство, без разлика дали се дисиденти, осомничени за корупција или се припадници на етнички малцинства како Ујгурите.

Share
Scroll to Top