Кличко го нападна Зеленски: Тој сега плаќа за грешките што ги направи

Кличко го нападна Зеленски: Тој сега плаќа за грешките што ги направи

пред 5 месеци

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го нападна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во интервју за швајцарски весник, кое привлече големо внимание во Русија и Украина.

„Луѓето прашуваат зошто не се подготвивме подобро за оваа војна, зошто Зеленски до крај негираше дека тоа ќе се случи“, рече Кличко во интервју за 20 минути емитувано во саботата.

„Има премногу информации кои не одговараат на реалноста“, изјави 52-годишниот поранешен светски шампион во бокс, обвинувајќи го украинскиот претседател за грешки. Тој ги повика сите да бидат искрени за реалната ситуација во Украина по руската инвазија.

„Зеленски сега плаќа за грешките што ги направи“, смета Кличко, пренесе „Индекс“.

„Се разбира дека можеме еуфорично да ги лажеме нашите луѓе и партнери, но не можете да го правите тоа засекогаш“, рече тој, давајќи му јасна поддршка на началникот на Генералштабот на Украина, генерал Валериј Залужни, кој пред еден месец поттикна критики со изјавата дека војната дојде во ќор-сокак.

Кличко смета дека Залужни ја кажал вистината која понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат.

Тој се изјасни против политичките игри во Украина, велејќи дека не треба да има внатрешни конфликти во земја која се бори за опстанок. Затоа тој одби да разговара за неговите лични планови и јавно му изрази поддршка на Зеленски.

„Денес претседателот има важна функција и мораме да го поддржуваме до крајот на војната, но кога ќе заврши војната, секој политичар ќе треба да одговара за своите успеси и грешки“, рече Кличко.

Текстот Кличко го нападна Зеленски: Тој сега плаќа за грешките што ги направи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top