(Видео) Реакцијата на Фон дер Лаен кога ја виде масовната гробница во Буча

пред 2 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, вчера изјави дека убиствата на цивили во Буча го покажуваат суровото лице на армијата на рускиот претседател Владимир Путин и вети дека ќе го поддржи Киев во одбраната на европските граници.

За време на посетата на Буча, каде форензичарите почнаа да ископуваат тела од масовната гробница, Фон дер Лаен беше видно потресена од она што го виде. На „Твитер“ беше објавен моментот кога шефицата на Европската комисија пристигна на локацијата на масовната гробница во Буча. Нејзината реакција кажува сè, пишуваат светските агенции.

„Тука се случи незамисливото. Го видовме суровото лице на војската на Путин. Ја видовме немилосрдноста и рамнодушноста со која го окупираа градот“, рече Фон дер Лаен.

„Целиот свет тагува со жителите на Буча и тие се оние кои ги бранат границите на Европа, го бранат човештвото, ја бранат демократијата и затоа ние сме со нив во оваа важна борба“, рече шефицата на Европската комисија.

Share
Scroll to Top