Кокаин вреден два милиони фунти пловеше по вода

пред 3 години

Пакети кокаин вреден два милиони фунти се пронајдени на плажа во Сасекс, Англија.

Првиот пакет беше забележан како лебди во водата, а по полицискиот претрес пронајдени се уште неколку пакувања, пишува Би-Би-Си.

Тројца мажи се уапсени, но ослободени со кауција, соопшти полицијата во Сасекс.

Во мај беа пронајдени две пратки кокаин во Хастинг и Нојхавен, по што Националната агенција за криминал откри околу 960 килограми.

Се проценува дека продажбата на таа количина во Велика Британија би донела 80 милиони фунти, објави НЦА.

Share
Scroll to Top