Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска изјави дека властите на таа земја ја подготвуваат посетата на папата Франциско пред почетокот на руската воена операција и дека таа посета во овој момент ќе биде уште поважна.
Украинската амбасада при Светата столица работеше на посетата на папата на Украина и се подготвуваше посетата на државниот секретар на Ватикан на Киев, како вовед во посетата на папата, рече Кулеба во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Папата постојано повикува на прекин на огнот во Украина, ги осуди тамошните настани и повика на дипломатско решение на конфликтот. Искажал поддршка за украинските бегалци и испратил помош, пренесува руската агенција.