Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржува прес-конференција на која присуствуваат странски новинари.
„Нашата цел е да се ослободиме од нацистите во Украина“, рече Лавров на прес-конференцијата, додавајќи дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска. Тој додаде дека преговорите може да се водат под услов за рамноправност.
„Сигурен сум дека нашите партнери од Западот ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност“, рече Лавров.
LIVE: Russian Foreign Minister Sergei Lavrov speaks to media https://t.co/0kOyejRLo9
— PresserWatch (@PresserWatch) March 3, 2022
„Западот се обидува да ни ја наметне сопствената слика за иднината на Европа“, нагласи шефот на руската дипломатија.
На прес-конференција Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
„Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Тие велат дека не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколку пати поскапа“, рече Лавров.
„Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега Американците сакаат да го направат тоа“, рече тој.
„Во филмовите имате слика на апсолутно зло и апсолутно добро. Глобалната слика е слична. Верувам дека хистеријата ќе престане“, рече Лавров.