Лавров: Русофобните земји на ЕУ се пречка за зајакнување на руско-хрватските односи

пред 3 години

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека русофобните земји од ЕУ и санкциите се пречка за понатамошно зајакнување на руско-хрватските односи.

„Санкциите или, подобро кажано, виорот на санкции што го промовираат Брисел и бројни русофобни земји во рамките на ЕУ по директна наредба на Вашингтон, продолжуваат да бидат сериозна пречка за натамошно зајакнување на руско-хрватските врски. Неодамна, ваквата антируска линија стана многу поактивна”, рече Лавров во интервју за загрепски „Вечерњи лист“.

Тој така одговори на прашањето што доведе до ќор-сокак во руско-хрватските односи и кои се препреките за да се  подобри соработката на ниво што го имаат Словенија или Србија.

Лавров, сепак, рече дека нема да ги квалификува билатералните односи како ќор-сокак, потсетувајќи на низата состаноци што ги имаше со хрватските власти во последните неколку години, како и на економската соработка.

Share
Scroll to Top